Германскиот фудбалски сојуз ја казни Борусија (Дортмунд) со 10 илјади евра поради однесувањето на Марко Ројс.
Капитенот на „жолто-црните” самоволно за време на натпреварот од Бундеслигата помеѓу Борусија Дортмунд и Вердер Бремен минатата недела, кој заврши нерешено 2:2. седнал во близина на своите соиграчи и стручниот штаб на резервната клупа, иако беше казнет и немаше можност да настапи на оваа средба. 29-годишниот Марко Ројс издржува казна од две последователни средби поради црвен картон добиен за време на поразот на Дортмунд со 2:4 дома против локалниот ривал Шалке 04 пред повеќе од една недела.
Правилата во Бундеслигата забрануваат на казнетите фудбалери да седат блиску до своите соиграчи на резервната клупа за време на дуелот од шампионатот во Германија.