Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги, кој стана херој на тимот во Лигата на шампионите со двата гола на реваншот со Барселона, ќе добие нов договор со клубот. Јирген Клоп е задоволен од работата на белгискиот голгетер и тој ќе ја добие шансата за нова соработка, која веројатно нема да ја добијат Даниел Стариџ и Џердан Шаќири.
Ориги има се уште важечки договор со Ливерпул кој истекува во летото 2020 година. Во тековната сезона на сите натпреварувања одигра 20 натпревари на кои постигна 7 гола и направи 2 асистенции.