По испаѓањето на Барселона од Лигата на шампионите, раководството на клубот ќе одржи итен состанок. Според информација од шпански извори, на состанокот прва и единствена тема ќе биде судбината на главниот тренер Ернесто Валверде.
Со него, каталонците две години по ред се елиминирани во нокаут-фазата на Лигата на шампионите, откако по првиот натпревар имаат добра предност, која не успеваат да ја зачуваат на реваншите.
Ако има време, на состанокот ќе се разговара за уште една жешка тема – Бразилецот Кутињо. Тој е тотално разочарување оваа сезона и голема е веројатноста да биде продаден.