Англискиот фудбалски состав Манчестер Сити ќе се обиде да го ангажира младиот напаѓач на Бенфика, Жоао Феликс. 19-годишниот талент во тековнава сезона постигна 18 голови со што го привлече вниманието на европските гиганти.
Неговата откупна клаузула е 120 милиони евра, но, „граѓаните“ пронашле начин како да ја намалат. Според весникот „А Бока”, англискиот тим е подготвен во евентуалниот трансфер да понуди негови фудбалери и да ги пренасочи парите од евентуалната продажба на Бразилецот, Габриел Жезус.
Челниците на Бенфика се свесни дека за Феликс ќе пристигна примамливи понуди и затоа се обидуваат да го наговорат младиот фудбалер да потпише нов договор и да остане во Португалија.

