Андер Ерера кој во текот на летото како слободен фудбалер ќе ги напушти редовите на Манчестер Јунајтед, се збогува со фановите од „Олд Трафорд“. Тој пет сезони беше еден од милениците на домашните навивачи.
„Поминав прекрасен период. Ќе ги запаметам речиси сите натпревари бидејќи играњето во овој огромен клуб во Англија е вистинска чест. Црвената ми е во срцето, знаев од првиот момент кога заиграв тука и од моментот кога започнав да ја носам“ – напиша 29 годишниот шпански интернационалец на социјалната мрежа –„Твитер“.
Според најавите, Ерера ќе ја продолжи кариерата во Франција во редовите на шамионот ПСЖ.

