Италијанскиот гигант и шампион Јувентус, која осма година по ред стана италијански шампион, официјално го претстави дресот со кој ќе игра на домашните натпревари во сезоната 2019/20 година.
Интересно е тоа што на дресот им недостигаат традиционални клубски ленти, што се случува за прв пат по повеќе од 100 години. Левата страна на дресот е целосно црна, додека десната страна е бела.
Новиот дрес, исто така, има розев елемент. Играчите на Масимилијано Алегре ќе излезат за прв пат со новите дресови вечерва, кога ќе го одиграат гостинскиот натпревар против Рома на стадионот „Олимпико“.