Големата ѕвезда на Челзи, Еден Азар, објави дека ја донел одлуката за својата иднина во клубот уште пред неколку недели и го информирал тимот за тоа. Сезоната за “сините” заврши и тимот заврши на третото место во Премиер лигата, но пред нив има и финале во Лигата на Европа.
„Да, ја донесов одлуката за мојата иднина. Се уште чекам да видиме како ќе се развива ситуацијата. Кажав во клубот што мислам по ова прашање уште пред неколку недели. Тоа сепак се работи кои не зависат само од мене”, изјавил Белгиецот по завршувањето на сезоната во Премиер лигата.
Неговото име деновиве се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.

