Италијанскиот голман, Џанлуиџи Буфон, иако најави дека ќе се прости од активно играње на фудбал, сепак, може да остане во професионалните води уште една сезона.
Легендата на Италија и на Јуве кој во текот на летото ќе си замине од ПСЖ, може да добие понуда од Порто и во наредната сезона повторно да игра во Лигата на шампионите.
Буфон иако имаше понуда да се вклучи во раководниот дел на „старата дама“ од Торино, шпекулациите велат дека може да ја прифати понудата на Португалците и да го замени на голот, Икер Касилјас, кој неодамна претпе срцев удар.
