Фудбалерите на Интер вчера на домашен терен со совладаа Киево со 2 спрема 0 со головите на Политано и Перишиќ и останаа на третата позиција во Серија „А“ кој носи пласман во Лигата на шампионите. Тренерот на „нероаѕурите“, Лучијано Спалети, по мечот упати остри зборови кон медиумите кои во континуитет излегуваат со потценувачки зборови за неговиот состав.
„ Газета дело Спорт“ пишува иста работа три месеци. Ако некој цело време зборува дека ќе врне, тоа на крајот и ќе се случи“ – потенцираше Спалети алудирајќи на шпекулациите поврзани за неговата иднина во тимот од Милано.
„Тие прилично навредуваат со своите наслови во кои зборуваат дека сме истрошени, празни…Исто така користат грд и навредлив говор, тоа не го користат кога во прашање се другите клубови“ – вели стратегот на Интер.