Фудбалерот на Ајакс, Френки Де Јонг, во текот на викендот се прости од фановите на „Јохан Кројф Арена“ откако го одигра последниот меч во дресот на „копјаниците“ на домашен терен.
Тој на крајот на сезоната ќе се пресели во Шпанија во составот на Барселона откако уште во текот на зимскиот трансфер период ги договoри сите детали со каталонците.
„Беше прекрасно, сега ќе одам во Барселона со голема радост. Тоа беше фантастична сезона иако сакав да се збогувам со три титули, но, тоа не се случи“ – вели Де Јонг кој со неговиот тим е на чекор на освојување на титулата во Холандија а претходно го подигна и победничкиот пехар во Купот.