Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, сака по секоја цена да ја засили дефанзивната линија и затоа нема да се откаже од потписот на играчот на Наполи, Калиду Кулибали.
Корпулентниот црномурест фудбалер на италиајнскиот тим би бил одлично засилување на стоперската позиција или евентуално како централен дефанзивец, објави денеска „Мирор“. Ќе потсетиме дека играчот од Сенегал беше трансферна желба и на претходниот тренер на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо, но, тогаш Наполи не сакаше да го продаде.
Според проценките на експертите, трансферната вредност на Кулибали е околу 150 милиони евра.