Тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, нема намера да го напушти тимот од Амстердам и покрај интересот на голем број водечки европски клубови како Барселона, Баерн (Минхен) и Челзи.
Ерик Тен Хаг стана хит оваа сезона откако го однесе Ајакс од квалификациите до полуфиналето во Лигата на шампионите, каде што, за жал испаднаа од Тотенхем со гол примен во последните секунди од дополнителното време.
„Добро е што го поврзуваат моето име со такви клубови, но се чувствувам добро во Ајакс. Веќе ја планиравме иднината и нема да заминам”, изјави Тен Хаг за „Мундо Депортиво“.