Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја завршија сезоната на 6-то место во Премиер лигата и не успеаа да обезбедат виза за Лигата на шампионите за наредната сезона. Нивниот поранешен тренер, Жозе Мурињо, кој во декември во 2018 година беше наследен од Оле Гунарс Солскјер, процени, дека тимот не се променил.
„Можам да кажам две работи за Јунајтед. Пред се, времето ги потврди моите зборови и второ, проблемите се уште постојат – зборувам за играчите, амбициите и организацијата како целина ” – рече Мурињо.
Ќе потесетиме дека Португалецот кој помина две и половина години на стадионот „Олд Трафорд“ , го освои победничкиот пехар во Лига Купот на Англија и во Лигата на Европа.