Според новинарот на француската „Канал Плус“ телевизија, Филипе Карајон, Реал Мадрид наводно ги започнал преговорите со напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах.
„Зинедин Зидан не сака да го доведе само Еден Aзар во клубот. Постојат одредени контакти меѓу Реал и Мохамед Салах“, тврди Карајон.
Во Ливерпул не сакаат да коментираат за евентуално заминување на дел од фудбалерите, особено не пред финалето во ЛШ, но јасно е дека одредени напади на нивните голгетери Салах и Мане може да се очекуваат.