Нашиот фудбалски интернационалец, Иван Тричковски, кој игра за АЕК Ларнака, е прогласен за најдобар во шампионатот на Кипар.
Македонскиот напаѓач благодарение на неговите одлични партии доби најмногу гласови од страна на тренерите. Тој в понеделник на свечената церемонија на Никозија ќе ја прими вредната награда.
Тричковски на 39 натпревари постигна 24 голови со што се издвои како најдобриот стрелец во историјата на АЕК Ларнака.