Премиерлигашот Челзи доби лоши вести за повредата на Рубен Лофтус-Чик откако беше потврдено дека истата е многу посериозна отколку што се најавуваше.
Фудбалерот настрада на контролниот меч со Њу Енгленд и се покажа дека заработил кинење на Ахиловата тетива на левата нога. Синоќа тој беше подложен на операција.
Англискиот репрезентативец го повреди зглобот поради нерамниот терен на стадионот каде се играла средбата и ја напушти играта, но сега се покажа дека ќе му претстои долго закрепнување, што значи дека ќе ги пропушти првите месеци од новата сезона.
Ова е втора ваква повреда во Челзи во последно време, откако и Калом Хадсон-Одој добие таква повреда и исто така ќе недостасува долго време од терените.
И двајцата требаше да бидат во репрезентацијата за финалето во Лигата на Нациите. Сега, селекторот, Гарет Саутгејт и нивниот клуб ќе мора да го играат без нив.