Тренерот на освојувачот на Купот на Италија Лацио Симоне Инзаги е главен кандидат за местото на Масимилиано Алегри на тренерската позиција во Јувентус, соопштува „Corriere dello Sport“.
Алегри го напушта Јувентус по пет успешни години на чело на тимот. Поранешниот тренер на Милан дојде во Торино во 2014 година, наследувајќи го Антонио Конте. На почетокот тој беше прифатен со сомнежи, но петте титули во шампионатот и пласманот двапати во финалето на Лигата на Шампионите, целосно го сменија мислењето на навивачите за него. Алегри неколкупати изјавил дека сака да продолжи со својата работа, но следуваше изненадувачка вест дека ќе го напушти тимот по крајот на сезоната.
Играчите исто така покажаа огромна почит кон тренерот, на последната прес-конференција пред дуелот со Аталанта кој се игра вечерва имаа свои места во салата за прес-конференции. Настапот на Јувентус оваа сезона во Лигата на шампионите не ги оправда високите очекувања поврзани со доаѓањето на Кристијано Роналдо. „Старата дама” испадна во четврт-финалето по 1:1 и 1:2 од Ајакс. Во Серија А Јувентус ја освојува титулата и во моментов има 13 поени пред Наполи.