Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Компани со писмо се прости од навивачите на Манчестер Сити
    Фудбал

    Компани со писмо се прости од навивачите на Манчестер Сити

    risteBy riste19/05/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Манчестер Сити освои три трофеи оваа сезона во Англија, ја одбрани титулата во Премиер лигата, и ги освои пехарите во Лига купот и ФА Купот, но очигледно дека ќе остане без својот капитен Винсент Компани.

    Белгискиот интернационалец најави дека го напушта клубот по завршувањето на оваа сезона. Цели 11 сезони тој беше дел од тимот кој оваа година испиша историја со освојувањето на првата тројна титула. Неговиот погодок за победа против Лестер беше еден од моментите поради кои екипата заврши на врвот во Премиер лигата втора година во низа.

    Винсент Компани синоќа по финалето на „Вембли“ со писмо им се заблагодари на навивачи и на клубот:

    „Безброј пати сум го замислувал овој ден. После сѐ, дојде време за крај, после толку многу години. Манчестер Сити ми даде сѐ. Се обидов да вратам колку што можев. Тешко ми е да ги задржам емоциите, се чувствувам благодарно, на сите кои ме поддржаа на оваа авантура во овој посебен клуб. Се сеќавам на првиот ден, кристално чисто како и на последниот. Се сеќавам на нестварната љубезност на луѓето во Манчестер. Никогаш нема да ја заборавам вашата лојалност, особено не онаа во најтешките времиња. Секогаш ми дававте ветер во грб и поради тоа не се откажав“, напиша во писмото капитенот на Манчестер Сити кој дојде во оваа екипа во 2008 година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.