Дебитантската сезона на Кристијано Роналдо во италијанскиот шампионат беше оценета од локалните специјалисти како упсешна и тој беше избран за најкорисен фудбалер на сезоната во Серија „А”.
Португалецот ја освои титулата со тимот на Јувентус, а помогна со 21 гол и 9 асистенции во 30 натпревари. Тој ќе ја добие својата награда пред почетокот на денешниот натпревар против Аталанта. Истата награда пред неколку години Роналдо ја освои и во Манчестер Јунајтед и во Реал Мадрид.

Во исто време фудбалерот на Наполи Калиду Кулибали беше прогласен за најдобар дефанзивец. Фудбалерот на Наполи досега им помогна на своите соиграчи да имаат 13 „суви” мрежи во досегашните натпревари.

