УЕФА на официјалната веб-страница ги објави цените на билетите за натпреварите од завршната фаза на Европското првенство 2020.
Најевтините билети за натпреварите од групната фаза од ЕП 2020 одина, како и за четвртфиналните средби на Европското првенство, кои ќе се одржат во Баку, Будимпешта и Букурешт, ќе чинат 30 евра. Билетите за натпреварите од групната фаза во Санкт Петербург ќе ги чинат навивачи од 50 до 185 евра , а билетите во четврт финалето на ЕП ќе чинат од 75 до 225 евра. Најскапиот билет за финалето на Европското првенство – 2020, кое ќе се игра во Лондон, ќе чини 945 евра.
Првата продажба на влезниците ќе се одржи од 12 јуни до 12 јули 2019 година и притоа че бидат пуштени во продажба 1,5 милиони билети кои ќе бидат достапни за пошироката јавност.
Европското првенство 2020 година ќе се одржи од 12 јуни до 12 јули 2020 година во 12 градови низ Европа: Амстердам, Баку, Билбао, Будимпешта, Букурешт, Глазгов, Даблин, Копенхаген, Лондон, Минхен, Рим и Санкт Петерсбург.