Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, по вчерашната победа над Фрозиноне уште еднаш најави дека неговото најавено заминување во Милано се уште не е никаква завршена работа.
„Се надевам дека ќе останам во Милано. Во секој случај, ќе ја продолжам мојата кариера онаму каде што сметаат на мене. Правам се што можам за клубот и за навивачите“, изјавил Гатузо.
Победничката низа на Милан во италијанскиот шампионат стигна до три дуели. Во последното, 38. коло од италијанското првенство, Милан ќе игра на гости против СПАЛ.

