Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти не размислува да го напушти клубот по крајот на сезоната. Анчелоти потврди дека неговиот договор има клаузула до 30 мај, што би можело да го продолжи договорот помеѓу двете зстрани.
Карло Анчелоти се чувствува добро во Неапол и уверен е дека ќе продолжи да го води тимот во следната сезона. Во последната недела, името на Анчелоти беше поврзано со тренерското место во Јувентус, откако оваа екипа најави дека Алекгри нема да го води тимот во иднина и дека ќе го најават новиот тренер по завршувањето на сезоната.
„Јас нема да одам никаде. Немам проблеми со клубот. Имам клаузула во договорот што истекува на 30 мај, но се чувствувам многу добро тука и се надевам дека Наполи ќе го искористи тоа”, рече Анчелоти.

