Стив Кларк беше назначен за селектор на шкотскиот национален тим, објави прес-службата на локалната фудбалска федерација.
55-годишниот тренер потпиша тригодишен договор до Светското првенство во Катар во 2022 година.
Стив Кларк доаѓа на местото на Алекс Меклиш откако самиот Кларк беше избран за најдобар менаџер на шкотскиот шампионат оваа сезона, а екипата на Килмарнок заврши на третото место.
