Италијанскиот вице-шампион Наполи ја отфрли понудата која ја даде Манчестер Јунајтед за купување на нивниот дефанзивец Калиду Кулибали.
Според весникот „Газета Дело Спорт“, англискиот клуб понудил 110 милиони евра за централниот дефанзивец. Веќе неколку предлог понуди на англискиот тим со вредност од 90 милиони евра, а потоа и 103 милиони евра беа одбиени.
Кулибали дојде во Неапол од Генк во 2014 година. Оваа сезона има 48 натпревари во сите натпреварувања и постигна 2 гола, но важи за столб во одбраната на Наполи.