Симоне Инзаги се согласил да го преземе италијанскиот фудбалски шампион Јувентус, ова го објави авторитативниот спортски новинар Џанлука Ди Марцио.
Инзаги, кој го донесе Лацио до триумфот во италијанскиот куп во оваа сезона, се сретнал со спортски директор на Јувентус Фабио Паратичи во Торино, и двајцата ги договориле деталите за идната соработка.
43-годишниот Инзаги се согласил да го замени Масимилиано Алегри, кој ќе го напушти Јувентус по крајот на сезоната. Други кандидати за местото на Алегри беа Антонио Конте, Маурицио Почетино (Тотенхем) и Маурицио Сари (Челзи).
Сепак според оваа информација Симоне Инзаги ќе биде оној кој ќе се обиде да го направи она што не му успеа на Алегри, да ја освои Лигата на шампионите.

