Тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски и фудбалерот, Сашко Пандев, пред утрешното Куп-финале со Македонија ЃП, се надеваат дека го обезбедат првиот трофеј во кратката историја на клубот.
„Финале на Куп е секогаш е посебен мотив. Ние сме далеку поискусни од Македонија ЃП. Ова е прво финале за еден клуб од Струмица и се надевам дека ќе го обелиме образот и ќе го донесеме трофејот“, изјави тренерот Тренчовски. Играчот на Струмичани, Сашко Пандев, кој има куп-трофеј со Работнички, посакува повторно да го подигне пехарот.
„Мечот ќе биде тежок за нас. Играме против тим кој знае што сака и против тим кој е составен од искусни играчи. Го репсектираме противникот а ќе победи составот што ќе направи помалку грешки“ изјави Сашко Пандев.