Антонио Конте не е менаџер на Челзи скоро една година, но неговата банкарска сметка ќе се зголеми откако ќе биде платена сумата која му ја должи Челзи.
Само една година откако го донесе тимот во финалето на ФА Купот, Италијанец го даде на суд Челзи за да му плати обештетување.
Конте беше отпуштен минатиот јули, и покрај тоа што имаше уште една година од неговиот сегашен договор со клубот од Лондон. Тој тужеше пред спортскиот арбитражен суд (CAS) и ја доби жалбата и ќе може да си ја наплати својата плата за последната година од договорот, објавуваат медиумите во Англија.
Италијанецот побарал 20 милиони фунти, но на крајот не го добил целосниот износ. Челзи е обврзан да плати 9 милиони фунти на италијанскиот тренер.
Со износот што треба да го плати Челзи, клубот ќе ја плати најголемата казни за своите менаџери. Според британското издание на „Тајмс”, откако Роман Абрамович бил на чело на клубот, Челзи платил 90 милиони фунти. Откако рускиот милијардер го купил клубот во 2004 година, Челзи имал 12 менаџери.
Речиси сигурно, Антонио Конте ќе го преземе Интер и ќе се врати во својата татковина, а неговата сметка ќе биде поголема за 9 милиони евра.
