Екипата на Манчестер Јунајтед иако имаше неуспешна сезона во повеќе конкуренции не ја загуби поддршкта на навивачите.
Според – „Daily Mail“, англискиот фудбалски клуб деновиве успеал да ги продаде сите 52 илјади претплатни влезници за наредниот шампионат што претставува рекорден период за „црвените ѓаволи“. Четата на Солскјер во Премиер лигата заврши само на шестото место додека во Лигата на шампионите беше елиминирана во 1 /4 финалето по двомечот со Барселона.
Манчестер Јунајтед во престижниот ФА Куп на Англија стигна до четврт-финалето во кое загуби од Вулверхемптон додека во Лига Купот беше елиминиран од Дерби каунти уште во третото коло.

