Италијанските тимови Наполи, Рома и Интер се заинтересирани за дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо Фернандез. Според информацијата на шпанските медиуми, трите италијански тима веќе имале контакт со агентот на фудбалерот.
Начо беше многу блиску до заминување од Реал Мадрид во текот на летото 2016 година и да премине во Рома, но тогаш Зинедин Зидан ја замрзна неговата продажба и дефанзивецот остана на “Сантијаго Бернабеу”.
Сега ситуацијата за Начо е многу поделикатна, бидејќи изгледа дека е надвор од плановите на Зидан за следната сезона. Реал Мадрид е подготвен да ги разгледа понудите за него, а сумата на трансферот би се движела околу 30 милиони евра.

