Фудбалерот на Ливерпул, Наби Кеита, кој заработи повреда на колкот на мечот со Барселона во полу-финалето во Лигата на шампионите, се опоравува многу побрзо од очекуваното.
Иако првичните прогнози најавија дека халфот сигурно ќе го пропушти финалето во ЛШ против Тотенхем на 1 јуни во Мадрид и нема да може да настапи во Купот на Африка, сега работите изгледаат далеку пооптимистички.
„Наби започна да работи на тренинзите. Тоа сепак, не значи дека ќе може да игра во финалето во ЛШ против Тотенхем. Мислам дека луѓето од неговата селекција – Гвинеја, ќе увидат дека ние правиме се за да го вратиме во посакуваниот ритам“ – изјави Клоп.