Хрватскиот интернационалец во редовите на Реал Мадрид, Лука Модриќ, ќе добие нов договор до 2021 година откако е активирана клаузулата кој вели дека тимот мора да му ја продолжи соработката за една сезона доколку ја освои „Златната топка“.
Бидејќи Модриќ успеа да го направи токму тоа во 2018 година, сега „кралевите“ мораат да го задржат на „Сантијаго Бернабе“ со нов договор. За репрезентативецот на Хрватска се појавија шпекулации дека во текот на летото може да замине во италијанскиот Интер, но, денешнава вест од Шпанија потврдува дека тој ќе остане и понатаму во редовите на „кралевите“.
Пред него нов договор потпиша и Тони Крос а најавено е дека верноста кон тимот ќе ја продолжи и Начо Фернандез.

