Капитенот на Арсенал, Лорен Косчиелни размислува за можноста да го напушти клубот, вели весникот „Тајмс“.
На 33-годишниот Французин му останува уште една година од договорот, но тој сака да направи нов предизвик и да ја заврши кариерата во друг тим, откако преговорите за нов договор сеуште нема. Според истиот извор, многу екипи сакаат да го привлечат – Милан, Баер (Леверкузен), Монако, Нант и Рен.
За 9 години поминати во Лондон дефанзивецот има одиграно 352 натпревари и притоа постигна 27 гола, а ако информациите се покажат точни, тогаш финалето во Лига Европа ќе му биде последен натпревар во дресот на „топџиите”.
