Челниците на фудбалскиот состав Челзи се свесни дека првата ѕвезда, Eден Азар, е на излезната врата од „Стемфорд Бриџ“.
Интернационалецот од Белгија долго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид а последните информации велат дека неговата цена на пазарот ќе биде 150 милиони фунти плус бонуси. Шпанскиот тим не сака да плати повеќе од 88 милиони фунти а ситуацијата дополнително ја комплицира забраната за трансфери што ја добија „сините“ поради непочитување на финансискиот плеј-оф.
Во исто време, Азар нема намера да попушти и останува на ставот дека нема да ја продолжи соработката со тимот од Англија.

