Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, побара од претседателот на клубот, Флорентино Перез, да му дозволи да го напушти клубот како слободен агент, бидејќи има многу профитабилна понуда од Кина, велат шпанските медиуми.
Дефанзивецот на Реал Мадрид има 33 години и ја заврши својата 14-та сезона во екипата од „Сантијаго Бернабеу“.
Поради неуспешната сезона на Реал, беше објавено дека Серхио Рамос размислува да го смени клубот, а весникот „Марка“ тврди дека неколку екипи, меѓу кои Јувентус, Ливерпул и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за да потпишат со него.