Мирко Сломка е новиот тренер на германскиот тим Хановер 96, соопштуваат медиумите во Германија.
51-годишниот стратег доаѓа на местото на Томас Дол, кој беше ослободен, откако тимот заврши на претпоследното место во Прва Бундеслига и следната сезона ќе игра во „Цвајта“.
Сломка има искуство во Хановер, каде беше тренер во периодот 2010-2013 година, а под негово раководство тимот постигна рекорден пласман во елитата со четвртото место во сезоната 2010/2011, а во следната сезона стигна до четвртфиналето во Лига Европа.
За последен пат тој работеше во Карсруе до април 2017 година.

