Тренерот на Џенова Чезаре Прандели, најверојатно, ќе го напушти клубот. Тренерот успеа да ја спаси Џенова ос испаѓање во Серија Б во последен момент.
Неговиот договор има клаузула за автоматско едногодишно продолжување доколку клубот остане во Серија А, но сепак се чини дека тренерот нема намера да ја искористи таа опција, а во клубот сакаат да бараат промена. Прендели се очекува да се сретне со претседателот Енрико Прециози во наредните денови за да ја донесат конечната одлука.
Во меѓувреме, од Џенова веќе бараат тренер кој ќе го замени Прандели. Се очекува тоа да биде тренерот на СПАЛ, Леонардо Семпличи. Минатата година клубот го бараше овој тренер, но во последен момент бордот на директори го се определи да го задржи Давиде Балардини.
Но, овој пат, работите се различни, па дури и од раководството на клубот имале контакт со Семпличи за да го убедат да го напушти СПАЛ. Сепак, конечната одлука ќе биде на самиот тренер.