Манчестер Јунајтед влезе во преговори со Бенфика за привлекување на напаѓачот Жоао Феликс, тврди „Газета дело Спорт”.
19-годишниот талентиран играч има клаузула за откуп во вредност од 120 милиони евра и „Црвените Ѓаволи“ се подготвени да платат.
„Манчестер Јунајтед има силен интерес за Жоао Феликс од Бенфика. Тој има клаузула за откуп од 120 милиони евра што Англичаните размислуваат да ги платат. Во моментов се одвиваат преговори помеѓу двата клуба. Од Манчестер Јунајтед му понудиле на играчот договор до 2024 година со плата од 6 милиони евра годишно, плус дополнителни бонуси”, објавија „Газета дело Спорт“.
Жоао Феликс направи одлична сезона со тимот на Бенфика. Тој одигра 38 натпревари во сите натпреварувања во кои постигна 19 гола и имаше 7 асистенции.