Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Муамед Сејдини со честитка до Шкендија, Академија Пандев, како и новите прволигаши Борец Велес и Струга Трим Љум
    Фудбал

    Муамед Сејдини со честитка до Шкендија, Академија Пандев, како и новите прволигаши Борец Велес и Струга Трим Љум

    risteBy riste28/05/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини по завршувањето на натпреварувачката сезона 2018/2019 упати честитки за ФК ШКЕНДИЈА по повод освојувањето на титулата во 1 МФЛ и ФК Академија ПАНДЕВ за освојување на Куп натпреварувањето во нашата држава.

    По освојувањето на титулите во 2 МФЛ и промоцијата на ФК БОРЕЦ Велес и ФК СТРУГА Трим Љум во нови прволигаши, првиот човек на македонскиот фудбал упати зборови со честитка за двата тима кои од наредната сезона ќе бидат дел од најдобрата фудбалска конкуренција.

    „Ве молам примете ги моите најтопли честитки за остварените резултати сезонава во македонската фудбалска лига. Изразувам најсрдечни желби до сите фудбалери, тренери, техничките и медицинските лица, како и до сите навивачи, бидејќи секој дел од организацијата несомнено е инструмент во победата на својот клуб.

    Шкендија го потврдува квалитетот веќе неколку години, а тоа е плод на добрата работа на стручниот штаб, одличната селекција и квалитетното раководство. Фудбалот е многу важен фактор во нашето општество и затоа е важно да им дадеме поддршка на нашите клубови и во нивните настапи во европските купови. Имаат право да сонуваат дека можат да стигнат далеку и во натпреварувањата на УЕФА. Им посакуваме многу среќа и со еднаков жар како и досега да го претставуваат својот дрес и македонскиот фудбал во Европа.

    Академија Пандев воодушеви многумина со постигнатите резултати сезонава и освојувањето на Купот во нашата држава. Верувам дека во континуитет ќе работат и функционираат стабилно, цврсто и плански. Убеден сум дека и во иднина неуморно ќе работат на создавање нови таленти, нешто што претставува визија на клубот и не се сомневам дека од тоа голема корист ќе има и македонската репрезентација.

    На сите македонски претставници во европските купови, Шкендија, Академија Пандев, Шкупи и Македонија Ѓ.П. им посакувам добар ждреб, многу среќа и успех во слените натпревари.  

    Би сакал да упатам честитка до новите прволигаши, Борец Велес и Струга Трим Љум за првото место во 2 МФЛ – исток и 2 МФЛ – запад. Резултатот на двете екипи сигурно не е случаен, напротив, тоа е плод на квалитетната работа во клубовите и се надевам дека успехот ќе го продолжат и во натпреварите од најдобрата конкуренција следната сезона. Честитки за Велес и Струга“ се вели во честитката на првиот човек на ФФМ до клубовите кои освоија титули оваа сезона.

     

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.