Пионерите на ФК Вардар на отварањето на силниот меѓународен турнир „Кварнерска Ривијера 2019“ остварија прва победа. „Црвено-црните“ под водство на Игор Кралевски во првото коло славеа над силниот состав на домаќинот на турнирот, екипата Ријека со 1:0.
Единствениот гол беше дело на Леонид Игнатов, кој успеа да го матира противничкиот голман со удар од повеќе од 25 метри. Вардар имаше уште една голема прилика во првиот дел, кога капитенот Омерагиќ ја погоди стативата од голот на Ријека.
За Вардар на оваа средба настапија: Китановски, Петејчук, Радуловиќ-Величковиќ, Манасиевски, Крстевски, Асани, Гугуљанов, Салиу, Речица, Игнатов, Омерагиќ (c). Играа и: Мицевски, Костовски и Демири.
Вардар во рамките на 2. коло ќе игра со Железничар од Сараево.

