Медиумите во Англија тврдат дека Еден Азар во текот на летото ќе се пресели во Реал Мадрид за 100 милиони фунти и дека „сините“ ќе добијат дополнителни 15 милиони на име на бонуси доколку Белгиецот успее да освои трофеи со „кралскиот клуб“. Според наводите, Азар ќе има неделни примања од 400.000 фунти со што ќе биде еден од најплатените фудбалери на светот.
„Ние го сакавме и претходно, но, сега е послесно. Тој има само уште една една година од неговиот договор со Челзи“ – потенцирал првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Азар ќе биде второто засилување за „белите“ кои уште пред два месеца за 50 милиони евра го обезбедија потписот на Едер Милитао од Порто