Голманот на Јувентус Војчех Шчесни започнува со рехабилитација, откако имаше операција на коленото, потврдија од италијанскиот шампион.
29-годишниот полски репрезентативец се подложи на лекарска интервенција на коленото на десната нога во клиника во Барселона.
Шчесни се приклучи на Јувентус од Рома во 2017 година, но го пропушти крајот на последната сезона во Италија. Голманот одигра 27 натпревари во дресот на „бјанконерите”, кои триумфираа и оваа година и ја освоија рекордната осма последователна титула во Серија А.
Војчех Шчесни, кој е висок 195 сантиметри, е поранешен голман на Арсенал и Брентфорд. Во репрезентацијата на Полска има 42 одиграни натпревари, но поради оваа повреда ќе го пропушти гостувањето на Полска во Скопје против Македонија.