По историскиот успех на екипата на Аталанта и пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите сосема очекувано дојде до договор меѓу клубот и тренерот за продолжување на соработката.
Тренерот на Аталанта Џан Пиеро Гасперини ќе продолжи да го води тимот од Бергамо, објави претседателот на клубот, Антонио Перкаси, на официјалната веб-страница на клубот. Под водство на 61-годишниот тренер, Аталанта оваа сезона премиерно обезбеди пласман во Лигата на шампионите освојувајќи го 3-то место во Серија А.
Гасперини беше една од опциите за тренер во Рома, бидејќи Клаудио Раниери, кој е привремен тренер на екипата, нема да остане на „Олимпико“ за новата сезона.