Фудбалерите на Арсенал и синоќа не успеаја да дојдат до европски трофеј, откако загубија и четврто европско финале едноподруго. Претходно дури четирипати стигнуваа до финале и до шанса да се закитат со меѓународна титула, но по оној трофеј во 1994 година и тоа во некогашниот Куп на победниците на Куповите, „топчиите“ единствно не успеваат да добијат ниту едно финале во Европ.
Во 1995 година во финалето на КПК на „Паркот на принцовите“ во Париз подобар од нив беше шпанската Сарагоса (2:1). Во 2000 година во финалето на Купот на УЕФА изгубија од Галатасарај на пенали (4:1), за во 2006 година во финалето на Лигата на шампионите на „Паркот на принцовите“ во Париз беа поразени од Барселона (2:1).
Вчера во Баку не успеаја до трофејот во Лига Европа, откако загубија од Челзи со 4:1.

