Една од главните ѕвезди во Ливерпул, Садио Мане, пред саботното финале во Лигата на фудбалските шампиони со Тотенхем, вели, дека сите во тимот се крајно мотивирани да го освојат победничкиот пехар.
„Црвените“ во минатогодишното финале беа совладани од Реал Мадрид а во штотуку завршената сезона во Премиер лигата го освоија второто место. Според Мане, тие два момента внесуваат многу поголема мотивација кај играчите пред решавачкиот дуел со Тотенхем.
„Многу научивме од минато-годишното финале кога загубивме од Реал Мадрид. Мислам дека самиот пласман во завршниот меч беше одличен ефект за нас и дека тоа никој не го очекуваше. Сега не ја освоивме титулата во Премиер лигата, но, верувам дека ќе ја искористиме последната шанса за трофеј и дека ќе победиме во Лигата на шампионите“ – вели Мане.