Капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос официјално останува во клубот. Ова беше објавено на прес-конференција денес.
Шпанскиот дефанзивец добил многу поволна понуда од еден кинески клуб, но Рамос не би можел да биде ослободен без пари. Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Претседателот Перез беше решен дека капитенот треба да остане на „Сантијаго Бернабеу“.
„Сакам да одговорам на сите гласини. Подобро место да се направи тоа на официјална прес-конференција и нема. Сакам да бидам јасен за мојата иднина и да ги објаснам сите шпекулации. Јас сум „Мадридиста“ и сакам да ја завршам мојата кариера овде. Ако бев претседател на клубот, би го продолжил договорот до крај на животот (се смее). Отсекогаш сум му кажал на Флорентино Перез дека не сакам да го напуштам Реал Мадрид. Јас би играл тука без да добивам пари. Никогаш не помислив да одам во Кина. Времето сè уште не е дојдено за такво нешто. Додека духот и нозете ме држат, ќе останам тука. Сум бил тука многу години, и среќен сум. Економскиот дел останува во позадина. Постои голема разлика помеѓу желбата да се напушти и да се има можност да го стори тоа. Беше многу тешко кога изгубивме од Ајакс. Бевме елиминирани и многу вознемирени. Во полуфиналето на Лигата на шампиони навивавме за Ливерпул, но сега не ме интересира кој ќе победи во финалето. Еден Азар е одличен фудбалер. Тој е првиот кој ќе се приклучи во Реал Мадрид. Сакам да расчистам сè, затоа што навивачите се под влијание на она што го пишуваат медиумите. Еве се нека излезе од мојата уста”, рече Серхио Рамос.
