Водечките пет европски фудбалски првенства регистрираа рекордни приходи за сезоната 2017/18 како резултат главно на новиот договор за телевизиските права во Германија и зголемените средства од УЕФА за учеството на англиските клубови во Лигата на шампиони, се вели во извештајот на сметководствената куќа „Делоит”.
Вкупните приходи од петте топ првенства – Англија, Шпанија, Германија, Италија и Франција, изнесуваат 15,6 милијарди евра, што е за 6 % повеќе во споредба со претходниот сезона.
Премиерлигата лигата го задржува првото место според приходи на клубовите во износ од 4,8 милијарди фунти, а зголемувањето доаѓа од фондовите на УЕФА за учеството за првпат на пет англиски клуба во Лигата на шампионите во сезоната 2017/18.

