Голманот на Интер Самир Хандановиќ ќе добие нов договор од клубот. Тековниот договор на словенечки голман е до 2021 година, добивајќи 3,2 милиони евра по сезона.
Од „Џузепе Меаца“, сепак се многу задоволен од одличната сезона на 34-годишниот голман и сакаат да го обврзат да остане уште една година, односно до 2022 година.
Хандановиќ беше одличен во дресот на Интер во Серија А, каде што прими 33 гола на 38 натпревари. Тој имаше дури 17 „сува” мрежи во шампионатот за време на оваа сезона, но со своите одбрани во последното коло против Емполи директно му помогна на својот тим да дојде до победа која го однесе во Лигата на шампионите.

