Раководството на Манчестер Сити ја отфрли понудата со вредност од 70,7 милиони фунти од Баерн Минхен за крилниот играч Лерој Сане, тврди „Дејли Меил”.
Баварците веќе долго време го сакаат поранешниот играч на Шалке 04 и се надеваат дека ќе можат да го реализираат договорот до крајот на трансфер периодот. Најголемиот проблем е што Сане е еден од најважните играчи на „граѓаните” и Пеп Гвардиола не сака под никакви околности да се раздели со него.
23-годишниот фудбалер е баран од баерн Минхен затоа што е сметан за наследник на ветераните Франк Рибери и Ариен Робен, кои веќе нема да бидат дел од тимот. Лерој Сане дојде на „Етихад“ од редовите на Шалке 04 во 2016 година за сима од 37 милиони фунти.