Манчестер Јунајтед понуди договор за играчот од средниот ред на ПСЖ Адриен Рабио, објави „Мундо Депортиво“.
24-годишниот Французин ќе стане слободен агент следниот месец и може да преговара со секој кандидат за неговиот потпис. „Црвените Ѓаволи” се обидуваат да ја победат конкуренцијата и веќе почнаа преговори за да го привлечат на „Олд Трафорд“.
Рабио е во очите на уште неколку клубови, меѓу кои и Јувентус, Барселона, Реал Мадрид и Бетис. Во моментов, сепак, се верува дека тој е најблиску до Јунајтед, бидејќи англичаните се најистакнати и се подготвени да ги задоволат неговите барања.
Интересен е фактот што во еден период рабио беше дел од школата на Манчестер Сити. Во својата кариера играше во екипите на ПСЖ и Тулуз, каде што поминува една сезона на позајмица.

