Аргентинските интернационалци Икарди (Интер) и Дибала (Јуве) може да направат рокада и да ги разменат дресовите, најавува денеска весникот – „Газета дело Спорт“.
Според наводите, челниците на двата тима се подготвени да направат трампа со двете ѕвезди. Икарди кој е во немилост кај фановите не сака да ја напушти Италија додека новиот тренер на „нероаѕурите“, Антонио Конте, не крие дека сака да го има во тимот Дибала.
Од тие причини медиумите се убедени дека набрзо ќе се случи размената на фудбалери на релација Милано –Торино со што сите страни би биле задоволни. „Газета дело Спорт“ дури тврди дека целата постапка ќе се реалзира до крајот на јуни.

